
„Кралевите“ во следниот период сигурно ќе направат обид да го донесат Норвежанецот во Мадрид, со што би направиле пеколен тандем со Килијан Мбапе за долго владеење со Европа.
„Мислам дека тоа ќе се случи. Тој јавно не ја искажал таа желба, но од сигурен извор знам дека би сакал да игра за Реал Мадрид. Не ме прашувајте како го знам тоа, но знам. Ако му биде понудена можност да дојде во Реал, мислам дека нема да се двоуми“, изјави Мијатовиќ.
Норвешката гол-машина Ерлинг Халанд пред еден месец го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2034 година, но тоа не значи дека неговата иднина е целосно врзана за англискиот клуб.
Поранешниот напаѓач и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, за шпанските медиуми изјави дека и покрај долгорочниот договор, Халанд би можел да ја продолжи кариерата во шпанскиот гигант.