„Сите страни мора да направат отстапки за да се стави крај на војната“, кажа Рубио.
„Разговорите во Ријад беа разговори за Украина без Украина. Не сакаме никој ништо да решава зад нашиот грб. Без Украина не може да носи одлука за тоа како да се заврши војната во Украина“, кажа Зеленски во Анкара, каде што се сретна со Реџеп Таип Ердоган.
Володимир Зеленски ја откажа денешната посета на Саудиска Арабија и кажа дека разговорите за крај на војната не треба да се водат зад грбот на Украина. Киев не беше поканет на денешните разговори САД-Русија во Ријад, каде што, меѓу другото, беше договорено двете држави да состават преговарачки тимови кои ќе почнат мировни разговори за Украина.
На средбата со Зеленски, Ердоган даде поддршка на територијалниот суверенитет и интегритет на Украина, велејќи дека тие се неоспорни и понуди Турција да биде домаќин на можни идни мировни преговори.
„За да се обезбеди мир, САД, Европа и Украина треба заеднички да разговараат за безбедносните гаранции за Украина“, рече Зеленски.
Како што војната се ближи кон својата четврта година, Зеленски вели дека ни Русија, ни Украина не можат да победат на бојното поле. Русија контролира околу 20% од територијата на Украина, чии сили држат делови од рускиот регион Курск.