
На Детската клиника денеска имаше многу посетители. Вирусите и другит болести беа најчеста причина за зголемен број на пациенти.
Во рок од 24 часа на Детската клиника лекарска помош бараат од 150 до 200 пациенти, додека доенчињата се најмногу подложни на вируси поради нивниот имунолошки систем, на кои во најголем број случаи им е неопходна хоспитализација.
„Во овој период од годината бележиме пораст на случаите на вируси поради што многу пациенти се јавуваат на прегледи на Универзитетската клиника за детски болести. Вирусите, особено оние кои влијаат на респираторниот систем, станаа поагресивни и брзо се шират, со симптоми: висока температура, кашлица, замор и губење на апетит, болки во мускулите, проблеми со дишењето, вклучително и гастроинтестинални симптоми (дијареа и повраќање)”, велат од Клиника за детски болести.
Од Клиниката апелираат да се почитуваат превентивните мерки за да се заштитат себеси и другите, притоа наведувајќи дека целиот медицински персонал работи без прекин./Алсат.мк
Линда Ебиби
Прикажи повеќе