
Корупцијата со години е проблем број еден во Македонија, која според домашните и меѓународните организации е присутна во фрапантни размери. Уште позагрижувачки е степенот на неказнивост – каде корумпираните функционери кои ја злоупотребувале својата службена положба не се казнуваат со години, што придонесе граѓаните да имаат недоверба во државните институции.
Сепак, и покрај ваквите оценки за состојбата со борбата против корупцијата, ДУИ се фали дека одиграла пионерска улога во унапредувањето на доброто владеење и борбата против корупцијата. Во неодамнешното нивно соопштение, ДУИ ја земала заслугата што е дел од регионалната, европската и меѓународната определба, како и за усвојувањето на националните стратегии за борба против корупцијата.
Работата се мери по тоа што ќе жнееш, а не по тоа што ќе го посееш – вели народна поговорка која можеби најдобро го опишува институционалното и политичкото наследство што ДУИ го остави од своето 22-годишно владеење. Иронично, во последните две години од власта, ДУИ имаше двајца високи партиски функционери ставени на црната листа на САД токму поради корупциија, а тоа се Рамиз Мерко и Артан Груби, кој дури и конкретно се обвинуваат дека примил мито за да го спаси поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Од ДУИ велат дека се избориле против корупцијата носејќи стотици законски и подзаконски акти. Меѓутоа, во септември 2023 година, пратениците од партијата на Ахмети гласаа за скандалозни измени на Кривичниот законик, кои продуцираа негативен ефект од епски размери во борбата против корупцијата. Поточно, спасени се стотици функционери вклучени во злоупотреба на службената положба. Ваквите промени беа споменати и во извештајот на американскиот Стејт департмент, кој беше опишан како сериозна владина корупција. Граѓанските организации тврдат дека со овој чин владата отворила пат за сериозна корупција.
И извештаите на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл го покажуваат истот. Во последната деценија каде ДУИ беше дел од Владата, земјава континуирано паѓа надолу, останувајќи во група со африкански и азиски земји, далеку од европските. Од вкупно 180 вклучени земји, Северна Македонија е на 88-то место. Додека, од 100 поени кои би укажале на чистотата на државата од корупција, Македонија собрала само 40. Во многу истражувања на граѓанското општество, корупцијата е една од причините поради кои младите си заминуваат. Според спроведените истражувања, овој тренд постојано се зголемува.
Кога ДУИ дојде на власт, младите сочинуваа 23,8 отсто од населението, додека две години пред да замине во опозиција, младите беа 17,8 отсто од населението. Според истражувањето на Реактор, 150.000 млади луѓе ја напуштиле земјата во овој период. Според истражувањето на Вестминстер фондацијата за демократија, 83% од младите ја напуштаат земјата пред се поради високото ниво на корупција. И покрај тоа што резултатите и бројките зборуваат сами за ситуацијата, од ДУИ велат дека сега се залагаат за ново поглавје, со реформи и ветинг./Алсат.мк
Суад Бајрами