
На прославата на 80-годишнината од формирањето на Службен весник на Р. Македонија, немаше ништо на албански јазик.
Ниту во печатениот материјал што им беше поделен на присутните (инсерти брошури) ниту во видео материјалот што беше презентиран во салата (атмосфера) во ниту еден од говорите, иако Службен весник покрај на македонски јазик работи и на албански јазик од 2002 година,
„Публикацијата „Службен весник на Северна Македонија“ се печати и објавува на македонски јазик и на друг службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои припаѓаат на заедниците”, велат од Службениот весник.
Во оваа институција, според официјалните податоци, од вкупно 56 вработени, 38 се Македонци, 13 Албанци и 1 од другите етнички заедници. Преведено во проценти, 68 отсто од вработените се Македонци, а 23,2 Албанци.
На раководните позиции има само 1 Албанец, со што односот е 8 спрема 1.
Организаторите на прославата на 80-годишнината на „Службен весник“ не дадоа изјави за медиумите.
Директорот на оваа институција за време на својот говор од говорницата се фокусираше на дигиталната трансформација.
Поради избегнување на новинарски прашања, не добивме одговор дали се планира публикациите на службениот весник да бидат бесплатно достапни за медиумските работници./Алсат.мк
Ајнур Бафќари