
Џејмс е четирикратен шампион на Националната кошаркарска асоцијација на клупско ниво, а на национално ниво има три олимписки титули со тимот на САД.
Кошаркарската суперѕвезда Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс изјави дека веќе чувствува дека се ближи крајот на неговата натпреварувачка кариера.
40-годишниот кошаркар оваа сезона настапи на 48 натпревари за Лејкерси, со просек од 24,3 поени, 7,7 скока и 9,0 асистенции.
„Немам уште многу време. Сè ќе заврши наскоро“, изјави Џејмс за ESPN US.
Тој е играчот со најмногу постигнати поени во историјата на НБА со 41.641 поен на 1.540 одиграни натпревари до денес, и е единствениот кој ја надмина границата од 39.000 поени.