
Во центарот на постапката се наводните фиктивни капитални добивки од продажбата на дефанзивецот Костас Манолас на Рома во летото 2019 година, како и купувањето на напаѓачот на францускиот Лил, Виктор Осимен во 2020 година.
Покрај Де Лаурентис, обвинителите Лоренцо Дел Џудис и Џорџо Орано бараат да го гонат и десната рака на претседателот, Андреа Кјавели.
Обвинителството во Рим побарало да се отвори случај против претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио Де Лаурентис за лажно сметководство за финансиските години 2019, 2020 и 2021 година, пишува весникот „Газета дело спорт“.