
„Од оваа депонија која се наоѓа на само неколку метри зад нивните домови загрозени се десетици деца од населбата на нашите сограѓани, населба „Красниќи“. За да биде оваа катастрофа уште поголема, овие деца често играат на оваа депонија“, пренесува репортерот на Алсат.
Лекарите предупредуваат на ризик од ширење на заразни болести. Според нив, овие жители често се јавуваат на инфективното одделение со цревни заболувања или други инфекции.
Жителите на оваа населба признаваат дека самите го исфрлиле тој отпад, но се жалат дека со години овој отпад не се отстранува оттаму.
„Да ние го фрлавме тој отпад затоа што немаме каде да го фрлиме. Знаеме дека не е добро, но мора да дојдат да ги земат бидејќи има многу нечистотија. Доколку децата излезат таму и играат, ќе добијат инфекција од тоа…
„Ова е многу вознемирувачко за нас, а за децата е лошо. Им пречат на децата, играат овде, ќе добијат некаква болест“, реагираат жителите.
Првиот човек на општина Тетово ветува дека оваа депонија наскоро ќе биде отстранета.
„Таму веќе започнавме со проектот за уредување на речното корито, но исто така разгледуваме можност за целосно уредување на оваа област за да не биде загрозен нивниот живот. Исто така, преку единицата за заедници која ја имаме во рамките на општината, работиме со централните институции и меѓународни организации на планирање на оваа зона и ќе ја разгледаме и можноста за изградба на згради за тие жители таму”, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.
Башким Сулејмани