
„Сакам да испишам историја со овој клуб и овие соиграчи“, кажа кратко Мбапе по победата против премиерлигашот.
Мбапе одигра фантастичен натпревар и постигна прв хет-трик на „Сантјаго Бернабеу“, по што ја доби наградата за најдобар фудбалер во дербито.
Шпанскиот гигант Реал Мадрид се пласира во осминафинале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва го елиминира Манчестер сити, а сите три гола во победа од 3-1 беа дело на Килијан Мбапе.