
„Бев против доаѓањето на господинот Канаваро иако тој беше најдобар фудбалер во светот. Тој за нашата лига не знае ништо, нема никаква тренерска репутација да води голем клуб како Динамо. Нема квалификации, имаше премалку време да ги препознае работите во клубот, а особено да ја имплементира школата на Динамо и да создава иднина. Него воопшто не го интересира иднината на Динамо“, смета Мамиќ.
И покрај тоа, контроверзниот функционер вели дека Канаваро може да ја освои титулата во хрватското првенство, но само поради тоа што Динамо има буџет од 70 милиони евра и е, како што вели, со шест пати подобар кадар од секоја друга екипа во лигата.
Италијанецот ги презеде „модрите“ на паузата меѓу двете полусезони и ќе се обиде да ја продолжи доминацијата на клубот во хрватското првенство иако засега не му оди најдобро. Мамиќ има свои аргументи поради кои не му се допаѓа тоа што Канаваро ќе биде на тренерската клупа во Динамо.