
Досега ништо од ова не е остварено, па Газета дело спорт пишува дека столчето на Мота сериозно се тресе и тој би можел да добие отказ уште пред завршувањето на оваа сезона. Капак на се е елиминацијата од Лигата на шампионите уште во плејофот што значи дека Јувентус не успеа да стигне ни до 16. најдобри во елитното натпреварување.
Мота лани потпиша тригодишен договор со Јувентус, но ако не успее да го однесе тимот во Лигата на шампионите идната сезона, не постојат никакви шанси да остане на позицијата.
По одличната сезона со Болоња, Тијаго Мота беше донесен на тренерската позиција во Јувентус во надеж дека ќе ја врати доминацијата на торинскиот тим во италијанскиот фудбал и ќе има важна улога во Лигата на шампионите.
Претходно, „бјанконерите“ испаднаа во полуфиналето од Милан во Суперкупот, во првенството се на делба на четвртото место со големо заостанување зад водечкиот тандем, па единствената шанса за трофеј сезонава е Купот на Италија.