Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани.Во рамките на билатералната соработка со Кралството Шпанија, шпанската влада даде техничка помош со грант од приближно 1 милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, за што Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити му се заблагодари за поддршката.
Меџити во текот на состанокот го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и Министерството за животна средина а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.