
Алексовска мечот го доби на поени, Македонката доминираше во текот на сите три рунди и убедливо ја совлада израелската противничка.
Претходно на ова ММА Европско првенство, златен медал освои Марко Трајановски.
За финалето Алексовска ќе се бори против противничка од Украина. Мечот е во сабота од 18:20 часот.
Даниела Алексовска ја доби полуфиналната битка против Израелката Рути Розмарин и се пласираше во финалето на Европското првенство во ММА кое се одржува во Белград.