Филипче е единствениот во државава што не сака да ја види темелно реновирана КАРИЛ.
Тој е единствениот лик во државава кој смета дека е нормално функционирањето како досега и како што тој ја остави оваа витална установа во супстандардни услови и крајно девастирана состојба, зарем како доктор Филипче не е свесен за ова?!
Само на ФИЛИПЧЕ му одговара КАРИЛ да функционира како досега во супстандардни услови, истакнувајќи ја повторно својата омраза и деконструктивност кога се работи за јавното здравство и условите каде се третираат пациентите и каде работат здравствените работници.
Исто така, здравствените работници упатуваат прашање до “загрижениот” Филипче зошто токму тој ги остави болниците во внатрешноста без единици за интензивна нега и не воспоставил во ниту една болница интензивна нега?
Филипче ќе остане запаметен по фактот дека не бил способен и одговорен да преземе вакви сериозни проекти од национален интерес.
Ама затоа, сега му смета кога некој има знаење, храброст и способност да доведе до фаза на реконструкција ваков проект од национален интерес за интрес.
Заради личната фрустрација и неможноста да го доведе овој проект до фаза на реализација, а на што претходеа темелни проверки и процедури во координација со сите надлежни институции.