Премиерот Мицкоски истакна дека Македонците во САД се определени за претседателот Доналд Трамп, притоа појаснувајќи дека исто како и Трамп, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи со огромно мнозинство на минатогодишните претседателски и парламентарни избори.
Мицкоски во своето излагање меѓудругото говореше за предизвиците со кои се соочила Македонија во минатото, дека Македонија беше на линијата на фронтот, борејќи се со илегалните мигранти, како и за пречките на патот кон ЕУ и за бројните остапки и условувања за членството во НАТО, мешањето од надвор за промена на името, знамемето и Устававот.
Во продолжение проследете го обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски:
-Обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон, пишува во својата објава на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Мицкоски ја искористи можноста и настапот на Конференцијата меѓудругото за да го испромовира и македонскиот туризам, односно Охрид и Свети Климент и тоа среде Америка.