
Едно лице е тешко повредено во напад со нож во близина на споменикот на Холокаустот во Берлин, јавуваат германските медиуми.
Според весникот Tagesspiegel, полицијата го опколила местото и врши претрес.
„Околу 18:00 часот по локално време еден маж е тешко повреден од непознато лице“, напиша германската полиција во „Х“, додавајќи дека „истрагата е во тек“.
„Повредениот е пренесен во болница“, се продолжува во соопштението.
Спасувачките екипи се на терен и се грижат за неколку лица кои биле сведоци на настаните.