
Министерот за администрација го исмеа вицепремиерот велејќи му да престане да ги лаже Албанците како во земјата на чудата – отворена навреда што покажува колку сериозно владата ги сфаќа своите албански партнери. Ова е нивото на почит што сегашната власт го има за Албанците: ги користат како украс и ги исмеваат кога сакаат.
Ова го напиша поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил коментирајќи ги реакциите на министерот за администрација Горан Минчев и министерката за финансии Кочовска на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека ќе се вработат стотици Албанци.
Целосен статус на поранешниот министер Бујар Османи:
Јавен потсмев на претставници на албанските партии на власт.
Министерот за администрација го исмејуваше вицепремиерот велејќи му да престане да ги лаже Албанците како во земјата на чудата – отворена навреда што покажува колку сериозно владата ги сфаќа своите албански партнери.
Ова е нивото на почит што сегашната власт го има за Албанците: ги користат како украс и ги исмеваат кога сакаат.
ВЛЕН ветуваше влијание и еднаквост, но реалноста е дека немаат глас и станаа предмет на потсмев од сопствените партнери.
Од големо ветување, завршија како ликови од бајка – безвредни и безнадежни!