
Минчев не треба да се однесува како копија на Апасиев, бидејќи тие воопшто не личат еден на друг. Горан Минчев мора да се откаже од реториката на Димитар Апасиев и да се однесува како министер на сите граѓани во нашата заедничка држава. Ова е одговорот на Изет Меџити на неговиот колега во Владата, министерот за администрација, Горан Минчев од партијата ЗНАМ.
Реакцијата на Меџити доаѓа откако денеска министерот Минчев изјави дека вицепремиерот Меџити со своето ветување дека ќе вработи стотици Албанци се однесува како „Алиса во земјата на чудата“, притоа предупредувајќи дека нема да има етнички статус на вицепремиерот Изет Меџити.
Минчев не треба да се однесува како копија на Апасиев, бидејќи тие воопшто не личат еден на друг.
Горан Минчев мора да се откаже од реториката на Димитар Апасиев и да се однесува како министер на сите граѓани во нашата заедничка држава.
Владата на Република Северна Македонија ќе го трансформира работниот однос од договорен во неопределен работен однос за околу 1.500 здравствени работници, од кои 750 се Албанци. Ние сме горди на ова.
Соодветната застапеност на Албанците во државните институции е уставна, непроменлива, неповратна категорија која се почитува и ќе се почитува, сакал или не на Минчев!