
Последниот сет се одлучуваше во тај-брејк, а таму Русинот беше подобар и обезбеди финале во кое ќе игра противп одобриот од второто полуфинале помеѓу Дрејпер и Лехечка.
Канаѓанецот и во седмиот гем беше блиску до брејк, но Рубљов издржа и при водство од 5-4 имаше четири прилики да го одземе сервисот на ривалот. Издржа Алијасим, но не и во 12 гем кога Рубљов се разбуди и поведе со 1-0.
Во вториот сет Канаѓанецот направи брејк во третиот гем и тој го одржуваше до крајот, па така тој траеше нешто пократко.
Првиот сет беше убедливо најнеизвесниот во целиот меч, а дека ќе има голема борба најави Алијасим кога пропушти брејк-топка во третиот гем.
Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во финалето на турнирот во Доха откако го совлада Феликс Оже-Алијасим со 2-1 во сеотив (7-5, 4-6, 7-6 (6-6)) и во сабота ќе има прилика да го повтори успехот од 2020 година кога успеа да го освои трофејот во Катар.