
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон не направиле ништо за да се стави крај на руската војна со Украина.
Говорејќи на подкаст на Фокс њуз, Трамп беше прашан за неговите претстојни средби со Стармер и Макрон, велејќи: „Тие не направија ништо… нема средба со Русија!
„Тие не направија ништо“, додаде Трампс, пренесува Би-Би-Си.
„Макрон е мој пријател“, продолжи тој, додавајќи дека Стармер е „многу фин дечко“, но дека ниту еден од нив не направил ништо за Русија.