Во однос на тоа дали Коцевски не бил доволно ефикасен во справувањето со организираниот криминал и високата корупција – области каде што од неговиот наследник се очекува поголем ангажман – Тошковски повтори: „Јасен е ставот на Владата“.На новинарско прашање за најголемите забелешки во работата на актуелниот државен обвинител Љупчо Коцевски, чија смена ја иницира Владата, Тошковски кусо прокоментира дека ставот на Владата по тоа прашање е веќе добро познат.
На седницата одржана во вторникот, Владата го задолжи Министерството за правда да подготви предлог за разрешување на државниот обвинител. Документот ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители, кој треба да даде свое мислење пред да се донесе конечна одлука.
„Не би сакал овој настан да го насочам кон теми што не се од клучно значење во овој момент“, додаде тој, одговарајќи по јавната дебата „Безбеден град“.
Новиот државен јавен обвинител ќе треба да игра клучна улога во зајакнувањето на легитимитетот на борбата против организираниот криминал и корупцијата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.