
ДУИ, партијата која дваесет години ги третираше Албанците како единствена и ексклузивна база за семејни бизниси, деновиве најавува „ветинг“ – чистење на функционерите од криминал и корупција. Одлично! Конечно им текна дека треба да се исчистат. Но, ако се навистина сериозни, нека почнат од нивниот лидер Али Ахмети! Ова се наведува во реакцијата на ВЛЕН, притоа споменувајќи го семејството на лидерот на ДУИ.
Целосниот одговор на ВЛЕН:
ДУИ конечно сфати дека мора да се исчисти од криминалот. Конечно сфатија каде е злосторството.
ДУИ, партијата која дваесет години ги третираше Албанците како единствена и ексклузивна база за семејни бизниси, деновиве најавува „ветинг“ – чистење на функционерите од криминал и корупција. Одлично! Конечно им текна дека треба да се исчистат.
Но, ако се навистина сериозни, нека почнат од нивниот лидер – Али Ахмети!
Господа од ДУИ, дали сте подготвени да објасните:
• Како Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, без да инвестира ниту денар, стана косопственик на трговскиот центар „Соравија“ во Скопје, објект од 30 милиони евра? Доколку е реален овој вертинг, објавете ги договорите, финансиите и банките кои го финансираа ова „чудо“.
• Како компанијата на Дрин Ахмети „Тор индустри“ завршува со милионски договори како подизведувач на Коридорот 8 и патот Кичево-Дибар? Колку од тие милиони се враќаат во џебовите на партијата?
• Зошто Министерството за економија на чело со Крешник Бектеши не му ја одзеде концесијата на „Еверест ЈД“, иако компанијата на Дрин Ахмети незаконски експлоатираше минерали? Наместо санкција доби нови тендери!
• Како Бесијан Ахмети, уште еден внук на Али Ахмети, со само 10 месеци стаж стигна до висока дипломатска функција во Брисел? Не знаевме дека талентот за дипломатија се наследува преку крв!
• Зошто Шкумбин Ахмети, синот на Али Ахмети, кој дипломирал на тетовскиот универзитет како архитект, сега води компанија за производство на електрична енергија и со своите братучеди планира да изгради фотоволтаична централа од 60 MW вредна 35 милиони евра? Дали овие проекти се дел од „зелената агенда“ на ДУИ или само нивните зелени банкноти?
Ако ДУИ навистина сака „ветинг“, нека тргне од своите редови. Нека објави колку пари има на сметките Али Ахмети, неговото семејство, и сите негови блиски соработници. Нека докажат како овие луѓе кои не направиле ништо освен политика станале мултимилионери.
Но, знаеме дека ова е само уште една лажна претстава. ДУИ ќе зборува за ветинг, но нема да чепка за сопствениот криминал. Ќе се кријат зад празни изјави, додека зад сцената продолжуваат со истите коруптивни шеми.
Значи, пред да го лажете народот, почнете со проверка на Али Ахмети! Ако немате храброст, тогаш вашата „војна против криминалот“ не е ништо повеќе од уште една измама. Граѓаните веќе ја знаат вашата игра – ДУИ и криминалот се едно исто!