
Иако неодамна го продолжи договорот со Барселона до 2031 година, уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо би можел на крајот од оваа сезона, сепак да го напушти каталонскиот гигант.
Интерес за искусниот стопер покажал лично менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим кој го гледа Араухо како еден од фудбалерите преку кои би била направена најавената реконструкција и освежување на тимот. Стоперот игра солидно по враќањето од долгата пауза, настапи на осум меча за Барса и постигна еден гол, но местото во тимот не му е загарантирано поради одличните Мартинез и Кубарси.
Тамошните медиуми објавуваат дека Барселона има понуда од Манчестер Јунајтед во висина од 100 милиони евра, сума која никој во клубот не сака да ја испушти. Тоа е двојно повеќе од она што сакаше да го плати Јувентус во јануарскиот преоден рок кога Араухо беше на милиметри од заминување во торинскиот клуб.