
Акцелераторот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, купен пред осум години, веќе е поставен и е достапен за пациентите, информираат од Клиниката.
Оттаму додаваат дека на пуштањето во употреба на овој акцелератор му претходеле низа подготвителни активности, меѓу кои и целосната реконструкција на бункерот. Набавена е нова дополнителна опрема, стабилизатори на напон, нова опрема за имобилизација, а уредот е пуштен во употреба. Набавен е мебел, инсталирани се системи за следење на пациентите и завршени се сите фази на инсталација, тестирање, калибрација и пуштање во употреба на системот.
„Со поставувањето на овој акцелератор оваа клиника ќе има на располагање 4 линеарни акцелератори кои ќе бидат посветени на потребите на пациентите со онкологија. Исто така, со овој апарат, согласно планот, е воведување на нова метода СРС радиотерапија со која ќе се опфати и овој сегмент од радиотерапевтскиот третман“, се наведува во соопштението од Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Станува збор за метода за која пациентите се упатуваат во странство, а откако ќе се воспостави методот за пациентите ќе биде достапен и за Клиниката.
Од оваа Клиника потенцираат дека во моментов сите пациенти добиваат квалитетна радиотерапија согласно стандардите на европските земји.
Со пуштањето во употреба на оваа опрема, додаваат, значително се зајакнува капацитетот на Универзитетската болница за радиотерапија и онкологија и се намалуваат листите на чекање за радиотерапија.