
Демократското движење одржа важна обука со своите функционери, фокусирајќи се на градење на нова политичка сила која носи свежина и вистински промени.
На оваа обука беше истакната важноста да се изгради силна структура во секоја општина каде што живеат Албанци, да биде движење блиско до граѓаните, во секое маало, село и град.
Демократското движење истакна дека кон него се приклучуваат се повеќе млади луѓе, чесни и интегритет настроени луѓе, кои носат нова енергија и смели идеи.
„ЛД не нуди истрошени политички фигури, туку нова визија за албанската политика. Ова движење гради нова генерација политичари, чисти од корупција и ослободени од минатото, со јасен план и способност да дадат конкретни резултати. Политиката на ЛД се заснова на акција, а не на зборови, посветена на обезбедување решенија, а не на изговори. Поради оваа причина, инвестирањето во човечките капацитети и слушањето на гласот на народот остануваат врвни приоритети“, се вели во соопштението на Демократското движење.
Изградбата на тим способен да владее одговорно е клучно за Демократското движење, со посебен акцент на принципот дека власта е одговорност, а не привилегија или како што велат „Секој функционер мора да биде во служба на граѓаните“.
На оваа обука беше нагласена важноста од познавањето на државните институции, закони и процедури.
ЛД не сака политичари кои се губат во бирократијата, туку луѓе способни да им помогнат на граѓаните, да ги решаваат проблемите и да бидат мост меѓу народот и државата“, се вели во соопштението.
Како што велат понатаму, Демократското движење ги отвори вратите за нова, чиста и бескомпромисна генерација, нудејќи им можности на оние кои никогаш не биле дел од корумпираните кругови.
Оваа политичка сила е создадена од народот и работи за народот, градејќи вистинско движење за целиот народ, а не само партија за конкретни поединци“, велат од ЛД.
Според нив, оваа обука означила важен чекор во развојот на Демократското движење, со приоритет на градење силен тим подготвен за предизвиците на одговорното владеење.