Арсенал многу потешко од очекувањата стигна до посакуваната победа и освои три бода во дуелот против Вулверхемптон, откако славеше со 2:1. Топчиите како лидери на табелата влегоа во овој меч и играа на домашен терен против Волците кои се убедливо заковани на дното на табелата со само два бода.
Иако можеби некои очекуваа лесен триумф на Арсенал, тоа не беше така. Вулверхемптон одлично се бранеше до 70 минута, кога беше досуден корнер за Арсенал.
Сака го изведе корнерот и шутираше директно во голот.Топката удри во стативата и потоа во грб го погоди голманот на гостите Џонсон, па заврши во мрежата. Токму овој момент беше клучен за Арсенал да победи.
Автоглот на голманот на Вулверхемптон може да го видите ТУКА.
Делуваше дека тоа ќе биде единствениот погодок, но во финишот се случи драма. Арокодер постигна гол за 1:1 во 90 минута. Потоа Арсенал тргна да постигне втор гол и тоа се случи во 90+3 минута. По еден центаршут, Габриел Жезус беше во дуел со гостинскиот дефанзивец Москера, а топката заврши во мреѓата на Вулверхемптон. Погодокот е запишан како автогол на Москера.
Арсенал со оваа победа стигна до 36 бодови и останува лидер на табелата, додека Вулверхемптон е се поблиску до испаѓање, затоа што остана само со два бода по 16 одиграни меча.