
Академскиот и економски експерт Абдилменаф Беџети за Радио Слободна Европа вели дека мерките што ги презема Владата може да имаат спротивен и опасен ефект, како што вели, на пазарот, особено за секторите кои зависат од флуктуации на цените и слободната конкуренција. „Искуството покажа дека ваквите мерки и во минатото и сега не биле успешни. „Овие интервентни мерки, во одредено време, за еден, два или до три месеци, не даваат одржливи резултати, бидејќи економските оператори знаат да ги заобиколат, да манипулираат со нив, да најдат алтернативни решенија и да ги постигнат маржите што ги имаат предвидено“, вели Беџети. Тој додава дека ограничувањата на маржата веројатно ќе ја поттикнат неформалната економија и ќе предизвикаат недостиг на основни производи на пазарот (REL).