
Всушност, оваа одлука и дава можност на администрацијата на новиот американски претседател да започне со повлекување на илјадници вработени во УСАИД од целата земја и светот. Николс одби да ги задржи привремено на должност, што значи дека сега почнува рокот од 30 дена за враќање на вработените во УСАИД од странство, на сметка на американската влада.
Оваа одлука доаѓа по тужбата поднесена од синдикатите во име на вработените во Агенцијата, вклучително и оние кои се изложени на ризик да останат заглавени во странство.
Во тужбата се наведува дека администрацијата на Трамп го одложила враќањето на вработените и нивните сопружници од странство, загрозувајќи ги оние кои веќе бегаат од политичкото насилство во Конго, без никаква поддршка од САД.
Тужбата, исто така, ја оспорува уставноста на распуштањето на УСАИД, тврдејќи дека за таква акција ќе биде потребно одобрение од Конгресот.
Сепак, судијата Николс одлучи дека овој спор треба да се реши во согласност со сојузниот закон за вработување, а не во окружен суд, пишува Politico.
Демонтирањето на УСАИД е дел од големото намалување на американскиот јавен сектор, што го спроведува мултимилијардерот Илон Маск по налог на Трамп. Маск и Трамп тврдат дека ова намалување е начин да се заштедат милијарди долари (Телеграф).