
Следува период на променливо време, до вторник со услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на планините и повисоките места има снег. Како што информираат од ДПХМ, по одделни котлини ќе има појава на магла и мала облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст.
Времето утре ќе биде умерено и облачно со услови за слаби врнежи од дожд, на планините и повисоките места со слаб снег, главно во источните делови. Ќе дува умерен до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од -5 до 3, додека дневните максимални ќе се движат од 3 до 9 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а во раните утрински часови по одделни котлини можни врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе достигне до 7 степени.