
Лејкерси победија со 123-100 над Денвер во пресметката на два ривалски тима во Западната конференција. Лука Дончиќ првпат „експлодира“ со својот нов тим, постигнувајќи 32 поени и 10 скока, поддржан од Леброн Џејмс со 25 поени.
Тешка победа на гости извојува и Феникс, совладувајќи го Чикаго со 121-117. Кај домаќините блескаа Девин Букер со 29 поени и Кевин Дурент со 27 поени. Тимот на Јута Џез го совлада Хјустон со 124-115, натпревар на кој се истакна Кејонте Џорџ кој постигна 30 поени.
Во последните секунди победи Бруклин, победувајќи ја Филаделфија со 105-103, натпревар каде шест играчи на Нетс постигнаа над 10 поени. Победи и Портланд со 141-88 над Шарлот, натпревар на кој 4 домашни играчи постигнаа преку 20 поени.
НБА-Резултати
Чикаго-Феникс, 117-121
Филаделфија-Бруклин, 103-105
Денвер – Лејкерс, 100-123
Јута Џез – Хјустон, 124-115
Портланд-Шарлот, 141-88