
На денешните избори во Германија води коалицијата ЦДУ/ЦСУ, а премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи и ја честита победата на ЦДУ. Мицкоски вели дека на Европа и требаат промени.
„Честитки за важната победа на ЦДУ на изборите. Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во раководството и во принципите врз кои е основана ЦДУ, стабилноста, развојот и посветеноста на вредностите на европската христијанска демократија. Да соработуваме заедно за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.