
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, ги покани жителите на Чаир да се придружат на партискиот митинг на 27 февруари и како што вели Османи, заедно со лидерот на фундаменталистите, „кажете доста на неправдата“. Османи вели дека мора да се создаде „нова енергија на промени“.
„Почитувани граѓани на Чаир, сега е време за акција. На 27 февруари, четврток во 19:00 часот, во салата „МНТ“ во Центарот на Скопје, ајде сите заедно, да го пречекаме Али Ахмети и едногласно да кажеме доста за маргинализација, презир и неправда. Ајде да создадеме нов бран на енергија што ќе го промени текот на времето. „Секој од вас е важен во пишувањето нова приказна за поправедна и подостоинствена иднина за сите нас“, вели Османи.