
Времето денеска ќе биде умерено до облачно, со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места со слаб снег, главно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од -5 до 3, додека максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а во раните утрински часови можни се слаби врнежи од снег во некои делови на рамнината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1 додека максималната ќе достигне до 7 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време со облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и мала облачност, а во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.