
По обилните снежни врнежи и ударот на сибирскиот студен бран, многу градови во Турција забележаа екстремни температури кои достигнаа и до -33,8°C. Голем дел од земјата се соочува со тешки зимски услови, додека властите ги повикаа граѓаните, особено постарите и децата, да останат во затворени простории за да се избегнат здравствени ризици.
Во планинските градови како Голе и Ерзурум, двоцифрените температури под нулата предизвикаа замрзнување на патиштата и инфраструктурата. Дури и во Истанбул, снежните врнежи создадоа проблеми, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата и да го прекинат поморскиот сообраќај.
Турските власти ги ставија во состојба на готовност службите за итни случаи, кои се достапни 24 часа на ден за да им помогнат на граѓаните. Според метеоролошките прогнози, од вторник се очекува подобрување на времето со температури над нулата, додека во четврток се очекува да се искачат над 10°С.