
„Ние како Влада апсолутно не можеме да го разрешиме, законот е јасен, но можеме да ја покренеме постапката. Колку што знам, дописот треба да се испрати до Советот на јавни обвинители, а потоа да се очекува мислење во рок од 15 дена. „За оваа постапка ќе биде потребно време, нема да заврши веднаш, може да трае неколку недели или неколку месеци“, изјави денеска премиерот Хриситјан Мицкоски.
Предлогот за разрешување на главниот обвинител Љубчо Коцевски утре ќе се најде на седница на Владата. Целата процедура за негово разрешување се очекува да трае неколку недели.
Министерството за правда во документот што го подготвува ќе ги наведе аргументите за разрешување, а откако ќе биде одобрен од Владата ќе биде испратен на разгледување до Советот на јавни обвинители. Причините за разрешувањето на државниот обвинител се нарушениот имиџ на Обвинителството, незаконски постапувања и корупција, влијание и неефикасност.