
Резолуцијата доби 93 гласа за, 65 воздржани и 18 против. За резолуцијата гласаа сите европски земји, па дури и Србија, со исклучок на Македонија која беше „воздржана“ и Белорусија која гласаше против.
Покрај САД, против оваа резолуција беа и земји како Буркина Фасо, Бурунди, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Нигерија, Мали…
Северна Македонија беше коспонзор на друга ривалска резолуција поднесена од Соединетите држави, која не доби поддршка од Генералното собрание на ОН во нејзината оригинална форма.
Во првобитната верзија, резолуцијата не ја идентификува Русија како агресор или извор на конфликтот. Откако беше додаден текст во кој недвосмислено се наведува дека Русија извршила воена агресија со кршење на Повелбата на ОН, резолуцијата беше изгласана.