
Групата Исламски џихад го обвини Израел дека сака да го анектира Западниот Брег преку воена сила.
Израел вчера објави дека неговите војници ќе останат неколку месеци во три бегалски кампови на северот на Западниот Брег, како дел од воената операција, која трае повеќе од еден месец.
Израел распореди тенкови во близина на градот Џенин. Армијата го потврди распоредувањето на тенковската единица.
Исламски џихад ги обвини израелските сили дека користат тенкови како дополнителна алатка за репресија. Групата го обвини Израел за континуирана ескалација против Палестинците на Западниот Брег.
Движењето Исламски џихад има силно присуство на Западниот Брег и е сојузник на Хамас во Газа.