
„Работите што се случуваат овде одземаат дел од селските гробишта и ние како жители на село Здуње сме против ова. Раководството на џамијата Здиње и БФИ се тие кои замижуваа пред заземањето на ова место. Старото раководство на џамијата беше сменето затоа што се спротивставија на ваквата состојба, а џамијата и селските гробишта ја предадоа на БФИ и поради оваа причина денес ни ги одземаат гробиштата. Поминаа два месеци откако ја испративме петицијата до БФИ, но се уште нема одговор од никого. „Тие велат дека се пожалиле, но ние немаме документи“, вели Фарук Ферати од Месната заедница од село Здуње.
Запрашан за ова, министерот за транспорт Александар Николовски рече дека договорот со компанијата го направила претходната влада.
Александар Николовски – министер за транспорт
„Во однос на Коридорот 8, таму изведувач е конзорциумот Бехтел и Енка. Според законите одобрени од претходната влада и надлежностите се целосно нивни, тие го прават проектирањето и планирањето. Она што можам да го кажам е дека ќе разговараме со нив. Имаме неделни состаноци и разговараме. Веќе еднаш разговаравме за ова, имаше слични проблеми и во други земји и ќе направиме се за да го решиме проблемот.