
„По горенаведеното прашање е донесена одлука на 15-та седница одржана на 21.02.2025 година. Со оглед на тоа што предметот содржи класифицирани информации, расправата и одлучувањето на рочиштето беше затворено за јавноста, согласно член 22 став 4 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. „Одлуката, без класифицирани информации, ќе биде објавена на веб-страницата на ДКСК во рок од 5 дена од денот на одобрувањето“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.
Доколку се покаже дека Стојановска не ги исполнува законските услови за да биде заменик директор на Агенцијата за разузнавање, Антикорупциска има право да поведе постапка против лицето што ја именувало, поточно шефот на државата.
Се сомнева дека Стојановска не ги исполнува критериумите во делот што ги предвидува потребните години работен стаж.
Во членот 9 од Законот за Агенцијата за разузнавање, услов за заменик директор е кандидатот да има најмалку десет години работно искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика, од кои пет години на раководно место во Агенцијата.
Пред неколку месеци, кога ТВ21 го прашаа претседателскиот кабинет за ова, во одговорот што ни го испратија со биографијата на Стојановска, во 10-годишното работно искуство што се бара, кабинетот ги броеше и годините кога таа била ангажирана на универзитетите, како соработник и дел од академско-истражувачкиот кадар.
За разлика од оваа институција, во последните 20 години една од позициите директор или заменик директор е резервирана за албански кадри, со доаѓањето на Силјановска на чело на двете позиции се припадници на македонската заедница (Тв21).