Карло Анчелоти пристигна во Бразил како прв селектор странец во историјата на земјата и првичниот план беше да остане до крајот на Светското првенство 2026. Сепак, во Фудбалскиот сојуз на Бразил се презадоволни од неговата работа, па веќе започнаа преговори за продолжување на договорот за уште четири години, односно до 2030 година.
Тоа е и еден вид порака од Фудбалскиот сојуз на Бразил дека планираат долгорочен проект на чело со Карло Анчелоти до сите кои се заинтересирани да го ангажираат Италијанецот по Мундијалот.
Преговорите помеѓу двете страни веќе се во тек и се во напредна фаза, па Анчелоти најверојатно ќе остане во Бразил, без оглед каков резултат ќе постигнаt на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.