1 минута за читање
Во пресрет на новогодишните празници, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, СОС Детско Село и оваа година ја започнува емотивната хуманитарна инфлуенсерска кампања „150 желби за 150 деца без родителска грижа”.
Целта на кампањата е 150 инфлуенсери, јавни личности и поддржувачи да споделат новогодишна порака посветена токму на 150 деца без родители и родителска грижа, до 14 годишна возраст кои во моментов се поддржани од СОС Детско Село. Со своите пораки, тие ќе придонесат кон ширење на позитивна мисла и ќе донесат чувство на грижа, радост и надеж вопразничните денови.
„Со само еден мал гест – донација, споделување или поддршка, можеме заедно да создадеме празнична магија која ќе трае многу подолго од празниците,” соопштија од СОС Детското село.