
Промените во ставовите на новата американска администрација кон Украина ги натераа европските држави да го преиспитаат својот ангажман со Киев.
Меѓу земјите кои си го „кршат мозокот“ за земјата која почна да ја окупира Русија во 2022 година е и Италија.
Владата на оваа земја дури предложи воена сила слична на косовската КФОР.
„Решение за Украина по моделот на косовските сили, да речеме мисија на ОН, но предводена од НАТО.
Ова е хипотезата што ја разгледува италијанската влада во преговорите за дијалог што започнаа меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, пишува „Huffingtonpost.it“, пренесува Klankosova.tv.
Овој медиум понатаму пишува дека потсекретарот на Претседателството на Советот на министри во Владата на Италија, Џованбатиста Фацолари ги појаснил водечките критериуми од кои ќе се инспирира владата во Рим за следните чекори.
„Меѓувладиниот самит ќе се состане во Лондон на 2 март за да се проучи создавањето заеднички фонд меѓу Европската унија и Обединетото Кралство кој ќе биде распределен за зголемување на трошоците за одбрана“, објави медиумот Huffingtonpost.it.
Во меѓувреме, во врска со испраќањето војници пред да се постигне мировен договор, владата во Рим вели дека „тоа не е на денешната агенда“.
Претходно беше објавено дека Британија и Франција ги предводат напорите за создавање на европски „безбедни сили“ од помалку од 30.000 војници за заштита на Украина во случај на каков било договор за прекин на огнот со Русија.
Идејата дојде откако европските сили стравуваа дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја заврши тригодишната војна под услови поволни за Москва, без да му понуди безбедносни гаранции на Киев.
Предлогот на Обединетото Кралство и Франција, кој им се припишува на неидентификувани западни функционери, најверојатно ќе се фокусира на воздушната и поморската одбрана, со „минимални“ сили на теренот и ниту една во близина на линијата на источниот фронт, пишува весникот „Гардијан“.
Тајмс објави дека т.н.
„Областа каде што имаме значајна предност во однос на Русија е во воздухот и во (нашата) способност да одговориме на флагрантни злоупотреби на примирјето“, цитираше Financial Times изјавата на западниот претставник.