1 минута за читање
Владата во Предлогот посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство; неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со Закон; нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина, не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.
Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција е составена од девет точки, со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти. Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, вчера истакна дека со Резолуцијата се осудува секое манипулативно однесување и се утврдува дека се става крај на сите шпекулации и лажни манипулации со наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови за мигранти во државата и со која јасно и недвосмислено се исцртува рамка на мигрантската политика.