
Стратегијата, како што нагласуваат, има за цел да го определи обемот и начинот на спроведување на основните геолошки истражувања, како и одржливото користење и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од круцијално значење за развојот на стопанството. Документот детално го разработува користењето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, со максимална заштита на природните карактеристики на животната средина и здравјето на луѓето со користење на најсовремени интелигентни технологии, практики и знаења кои се применуваат во најразвиените земји во светот.
Министерката Сања Божиновска го истакна значењето на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните суровини е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа му се заблагодари на АШАМ за придонесот во подготовката на овој стратешки документ“, соопшти Министерството.
Академик Блажо Боев, како што се наведува во соопштението, потенцира дека стратегијата е резултат на длабинско истражување и анализа, со цел да се обезбеди рамномерен пристап меѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Др. Александар Дединец од АШАМ додаде дека документот е во согласност со светските трендови и стандарди и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.