
Според полицискиот извештај од Скопје, на 25.02.2025 година во 09:12 часот во Ургентен центар во близина на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, општина Куманово, кој подоцна починал.
Според пријавата, додека вршел градежни работи, паднал од објект во изградба во месноста Кисела Вода. Надлежните органи извршиле увид и работат на расветлување на случајот.