
Украинскиот премиер Денис Шмигал попладнево соопшти дека владата во Киев го одобрила договорот со Вашингтон за експлоатација на минералните суровини на Украина.
„Денес Владата ја усвои потребната одлука за потпишување на договор меѓу Украина и САД за создавање инвестициски фонд за реконструкција“, напиша Шмигал на Телеграм.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски во петок ќе го посети Вашингтон за да го потпише договорот. Сепак, Трамп јасно стави до знаење дека САД нема да и дадат широки безбедносни гаранции за Украина, иако Киев инсистира на такви гаранции.