
Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со магла по одделни котлини, додека во текот на денот ќе има локални врнежи од дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Вардар ќе зајакне.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, додека максималната ќе достигне од 7 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне по одделни делови по котлините ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе има променлива облачност со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, додека максималната ќе достигне до 12 Целзиусови степени.
Според предупредувањата на ДПХМ, утре и за време на викендот врнежите ќе бидат поројни. Во недела на планинските предели и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од снег.