
Македонското МВР соопштува дека завчера (25.02.2025) во 14:30 часот во близина на село Тануше, Скопско, при спроведување на мерки и активности, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Тануше, заплениле комбе со косовски регистарски ознаки, кое се движело кон границата со Косово. Откако ја забележале полицијата, две лица го напуштиле комбето и побегнале кон границата со Косово.
„При претресот во возилото се пронајдени 180 пакувања во кои имало 11 килограми прехранбени производи кои биле без соодветна документација. Возилото со производите е одземено и предадено за понатамошна постапка“.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот“, велат од македонското Министерство за внатрешни работи.