
За многумина, Нејмар ја пропушти можноста да стане еден од најдобрите играчи во светот, можеби дури и во историјата. „Принцот кој не сакаше да биде крал…“; теорија која се рашири жестоко по неговиот трансфер во ПСЖ и за која Јутјуберот The Grefg го праша Бразилецот.
„Не дека не сакав да бидам крал, но за мене постои само еден крал на фудбалот, а тоа е Пеле. Се случија многу работи, имав многу повреди кои ме чинеа многу во кариерата, можеби Господ така сакаше. Немам причина да бидам тажен, напротив“, објасни Нејмар.
Бразилецот изрази благодарност за се што постигнал во кариерата и животот: „Многу сум среќен со мојата кариера и живот. Постигнав сè за што сонував, речиси сè, па дури и постигнав работи за кои никогаш не ни сонував. Многу сум му благодарен на Бог што го промени мојот живот, животот на моето семејство и на моите пријатели. „Ова е најважно за мене.