1 минута за читање
Скопје денеска е мешу најзагадените градови во светот покажуваат официјалните мерења квалитетот на амбиенталниот воздух. Според IQAirденеска во 14.45 часот Скопје се наоѓа на петтото место по загаденост а на кратко беше и меѓу првите три.
Позагадени градови од Скопје денеска се Лахоре во Пакистан, Сараево во БиХ, Колкута и Њу Делхи во Индија.
Листата на топ 10 најзагадени градови ја заокружуваат градови од Кина и Пакистан, што значи дека Скопје по Сараево е најзагаден европски град денеска.

Од Државниот инспекторат велат дека тоа што за зголемени параметри се говори дури во средината на декември говори дека надлежните превземаат чекори, но сепак сметаат дека проблемот со загадувањето не може да се реши преку ноќ и неопходен е сеопфатен пристап од голем број на институции.